Радио Милева ги подгреа шпекулациите

Тејлор Свифт во љубовна романса со првакот на Формула 1: Пејачката „падна“ на шармот на 8 години постариот Шпанец ?! (видео)

Тејлор Свифт во љубовна романса со првакот на Формула 1: Пејачката „падна“ на шармот на 8 години постариот Шпанец ?! (видео)

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, одговори на гласините дека е во врска со пејачката Тејлор Свифт, објавувајќи видео на кое намигнува додека слуша една од хит песните на светски познатата поп ѕвезда.

Згодниот 41-годишен Шпанец за првпат беше романтично поврзан со Свифт во објавата на озборувачкиот профил „DeuxMou“ минатата недела, која цитираше анонимна е-пошта:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

– Неколку шпански медиуми пишуваат за Тејлор Свифт и Формула 1 возачот Фернандо Алонсо. Според нив, парот се гледа веќе една недела. Ништо сериозно со оглед на тоа дека и двајцата од неодамна се сингл.

Алонсо сега објави видео во кое седи и пишува на телефонот додека во позадина свири „Feeling 33“, пред да погледне во камерата и да намигне.

@fernandoalonso Race week era😉 #F1 #F1TikTok #Formula1 ♬ karma sped up – ✨️j &lt3 ✨️

Во описот го стави описот „Race week era“ и емотикон што намигнува, а сите фанови на пејачката знаат дека таа е на актуелната турнеја наречена „Eras“.

– О боже, врската на Тејлор и Фернандо е потврдена???? – гласи еден коментар на TikTok.
– Фернандо, ве молам потврди или демантирај пишуваат за тебе – напишал друг следбеник.
– Ниту во најлудите соништа не мислевме дека тоа ќе се случи – напишаа другите.

Да потсетиме, 33-годишната Тејлор пред само неколку дена ги подгреа гласините дека раскинала со долгогодишниот дечко Џо Алвин. Тејлор и Алвин беа заедно шест години откако наводно се сретнале на Мет Гала во 2016 година, а нивната врска ја одбележаа многу гласини дека се свршени или дури и тајно венчани.

фото:EPA IMAGES/Instagram

To top