Радио Милева резервирана

Еве каква беше реакцијата на Цеца за смртта на Саша Видиќ со кого соработуваа 16 години, а се разделија во лоши односи

Еве каква беше реакцијата на Цеца за смртта на Саша Видиќ со кого соработуваа 16 години, а се разделија во лоши односи

Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина вчера на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград.

Медиумите и јавноста ја чекаа реакцијата на Светлана Цеца Ражнатовиќ за смртта на креаторот со кој пејачката соработуваше 16 години.

Имено, Цеца пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“ во црн фустан и имаше големо ланче со бисери, а обезбедувањето и помогна да носи торби со подароци за роденденот на Саша Поповиќ кој наполни 69 години.

фото: Принтскрин/инстаграм/цецаражнатовиќ

Пејачката на прашањето да ја коментира смртта на Саша Видиќ, со кој не беше во добри односи во последните години, не сакаше ништо да каже.

– Добар ден, многу ви благодарам – беше се што рече Цеца и влезе во студиото.

Да потсетиме, Цеца и Саша работеа долго, а кога прекинаа соработка, креаторот не ја штедеше пејачката и често зборуваше негативно за неа.

фото:принтскрин/Информер.рс

To top