Српскиот креатор и стилист Саша Видиќ почина вчера на 52-годишна возраст во Белград.
Саша беше примен во многу тешка општа состојба, приклучен на вентилатор и имаше почетна фаза на сепса. Инаку, Видиќ последните месеци имаше проблем со црниот дроб.
Се чека дали семејството ќе побара обдукција.
За смртта на Саша Видиќ коментираше и Ѓорѓе Давид:
-Жал ми е, мислам дека во последно време немаше уреден и пристоен живот. Во еден период, на почетокот на 2000-тите, имавме навистина прекрасни моменти кои ги поминавме заедно, по што мислам дека тој го загуби компасот. Многу ми е жал, тоа е единственото нешто што можам да го кажам, изјави Ѓорѓе Давид.
фото:Инстаграм принтскрин