Во 2017 година екс- водителката Хелена Роза се оствари како мајка по вторпат и на свет го донесе синчето Киан.
Од тоа време минаа речиси шест години, поточно во месец јули, наследникот на Хелена ќе го слави шестиот роденден.
Децата брзо растат, а како и за секоја мајка, веруваме дека и за Хелена како да беше вчера кога Киан беше мало бебенце во прегратките на мама.
Времето лета, а деновиве семејството живее емотивни денови пред период на големи промени за Киан кој ги заврши деновите во граднинка.
Тој е преубаво потпораснато момченце, кое освојува со насмевката и со сините очиња.
За потсетување, Хелена по втрпат стана мајка многу набрзо откако со сопругот Игор и ќерката Кјара се пресели во Нов Зеланд.
Новите моменти, периодот на адаптација, училишните навики, запознавањето на нови другарчиња ќе бидат предизвик за сите, а градинката оставува во убав спомен од фазата на растење.
фото:Инстаграм принтскрин/Хелена Роза