Српскиот печат неодамна шпекулираше дека нивната Светлана Ражнатовиќ – Цеца и бугарската фолк ѕвезда Азис ќе направат дует. Но, вистината е малку поинаква и Цеца откри за што всушност се работи..
„Азис ми ја даде неговата песна што ја обожавам. Тој ми рече: Пеј ја на српски за мене… Ќе ми биде задоволство. Најверојатно, тоа е она што јас ќе го сторам. Иако станува збор за хит што има милионска слушаност и прегледи на видеото на Јутјуб, зошто да не пробаме и со српска верзија?“ – изјавила Цеца на една емисија на телевизија Пинк. Медиумите шпекулираат дека најверојатно се работи за песната „Мотел“.
Јелена Карлеуша пак, кој долго време е во кавги и води судски спор со Цеца, беше запрашана за коментар.
„Бескорисно е, таа само себе си бесплатно се рекламира. Азис сигурно нема да и „помогне“ – ќе рече 39-годишната Карлеуша, откако била запрашана дали песната на Цеца ќе биде поголем хит од нејзиниот лански дует со Азис во темата „Те оставам“.
https://www.youtube.com/watch?v=1esazCdNRHM&start_radio=1&list=RD1esazCdNRHM