Популарната балканска музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ завчера по вторпат стана баба, откако снаата Богдана го роди внукот Крстан и тоа на денот кога е роден Аркан.
Таа пред медиумите изјави дека има посебна желба до синот и снаата, да добие и внука, но и дека очекува уште десетина внучиња.
Таа откри и дека има посебен подарок за снаата.
-За снаата имам посебен подарок, таа не знае, сакам да биде изненадување. Крстан ќе добие безусловна љубов. Сакам да добијам и внука, тука баш би банкротирала. Анастасија жали што не може да дојде и да биде со нас, таа ги чека документите за да излезе од Шпанија, вели Цеца.
фото: Instagram printskrin/Ceca