Најстарата сестра на познатата трендсетерка, Ким Кардашијан, Кортни Кардашијан на својот Инстаграм профил сподели фотографии, а една од нив привлече големо внимание.
Кортни, чиј стил инаку се претвори во стилот на нејзиниот сопруг, рокерот Травис Баркер, во неделата на својот Инстаграм профил го покажала целосно, пастелниот розов комплет којшто го носела за прославата со своето семејство.
View this post on Instagram
Некарактеристичниот комплет се состоел од набрана блуза со предно врзување каде деколтето ги нагласило нејзините гради додека за долен дел на оваа модна комбинација Кортни одлучила да носи здолниште со цветен принт.
Нејзиниот стајлинг предизвикал бројни коментари на социјалните мрежи, а оваа 43-годишна жена добила главно негативни критики на сметка на својот изглед.
„Што е ова?“, „Нејзината сестра Ким би била огорчена“, „Таа изгледа како розов кошмар“, „Грозен стајлинг“, „Ужасно“, „Изгледа како баба“, „Никогаш претходно не мразев облека која ја носела таа, но ова…“, биле само дел од коментарите.