Радио Милева

Спиеш ли мирно Меланија? Ким Кардашијан го посети Трамп (фото)

Спиеш ли мирно Меланија? Ким Кардашијан го посети Трамп (фото)

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер, објави фотографија од средбата со најпопуларната реалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Таа ја води кампањата за помилување на Алис Џонсон, жена која поради дрога е во затвор, без право на условна слобода.

„Одличен состанок со Ким Кардашијан, разговараме за реформи во затворот и служење на казна“, напиша Трамп на Твитер.

Прво, Ким се сретна со зетот на американскиот претседател, по што од Трамп бараше помилување за шеесет и две годишната Алис Џонсон.

Приказната за пресудата на Алиса го привлече вниманието на Ким пред една година и оттогаш води кампања за нејзино ослободување и вклучена е преговори со Белата куќа.

фото:принтскрин/инстаграм

To top