Шест години по учеството на Евровизија, македонската поп пејачка и ТВ водителка Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата „Home alone”, отпеана на англиски јазик.
Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и самата Јана, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на „Home alone” е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.
Песната доби и свој видеоспот, режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа: „збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.
Видео спотот за “Home Alone” беше промовиран во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – „Аудиокултура“.
Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото.
Бурческа вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршка и промоција на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија.
Како звучи и изгледа која Јана Бурче(ска) е „Home alone” , проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):