Пејачката Сека Алексиќ го уреди својот дом во Стара Пазова како од бајка, па таму ужива со сопругот Вељко и синовите Јован и Јаков.
Таа има деловни обврски преку глава, а секој момент го користи за одмор, па сега покажа како се опушта во дворот на семејниот дом.
Пејачката за себе си купила џакузи, а на својот Инстаграм профил објавила видео во кое покажува како ужива.
На неа не и пречеше тоа што времето надвор не е совршено, но затоа температурата на водата ја направи совршена за да може што повеќе да се опушти.
Сека се соблече во базен, а сите и завидуваа на луксузот во кој ужива.
„Совршена си“, „Какво опуштање“, „Можам само да ти завидувам, убава си“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Пејачката често споделува фотографии на Инстаграм на кои позира во својот дом, а многупати открила како изгледаат и другите соби.
Фото: Принтскрин/Инстаграм