Милица Дабовиќ деновиве доживува вистинска агонија поради нејзиното поранешно момче кое и се одмазди објавувајќи нејзини разголени фотографии.
Како што дознава Курир.рс, М.Ј., со која поранешната кошаркарка претходно била во врска, долго време и се заканувал и барал повторно да биде со него. Меѓутоа, Милица не се согласила на тоа, па М.Ј решил брутално да и се одмазди.
„Пред три дена тој човек во една група на апликацијата Телеграм ги објави фотографиите на Милица на кои таа е целосно гола. Станува збор за сликите кои му ги праќала додека биле во врска бидејќи му верувала и не верувала дека ќе дојде до ова. Милица и М.Ј одамна раскинаа, таа во меѓувреме имаше и други момчиња и не планираше да се врати кај него. Сепак, тој очигледно се надевал дека ќе има помирување“ – раскажал изворот на Курир.
Овој скандал многу тешко ја погодил поранешната кошаркарка, тврдел соговорникот.
„Таа е на лекови, не може да поверува дека ова и се случило. Мислела дека тој ќе се вразуми и дека се ќе заврши со заканите. Пред неколку дена ја замолил да се видат за да имаат секс, по што таа го одбила, а истиот ден во групата на Телеграм ги објавил нејзините разголени слики. Покрај тоа што ја посрамоти, од овој потег на Милица негативно и влијае и бизнисот на „Онли Фанс“, каде што продава фотографии на кои не е целосно гола.
И додека Милица Дабовиќ поединечно не им се одзивала на повиците на медиумите, денес кошаркарката на својот Инстаграм излезе со групно соопштение до јавноста:
„Мислев дека навистина се ‘сум поминал и доживеала во животот, дека направив многу глупави работи и влечев катастрофални потези. Мислев дека дебело сум платила за сето тоа и дека некаде сум го исплатила тој долг, тој данок на мојата наивност, мојата силна желба да ги разубавам работите како секоја жена и да се обидам да негувам нешто што одамна овенало. Мислев дека ноќта конечно помина и дека дојдоа нови денови за мене, затоа што после сите лоши работи што ги доживеав, променив се… Но за жал, и понатаму си ги плаќам грешките и тоа секогаш најскапо. Сите ме знаете, нема такво нешто што не е кажано или напишано за мене, знаете колку ни медиумите никогаш не ме штедат, велат дека сум добар материјал за нив, дека вестите за мене добро се продаваат. Никогаш не сум тужела или давала деманти за тоа кој што ќе напише или објави. Сега за прв пат Ве молам да не им давате простор на овие јадници, да не дозволите ова да стане оружје на мажите за да ја понижат таа што до вчера најмногу ја сакаа на светот, да не дозволите вака да се одмаздуваат, бидејќи ова е навистина најпримитивната можна форма на човековото постоење. Токму кога ќе помислам дека листот што го свртев конечно донесе мир и стабилност, се појавува некој дух од минатото. Се случува човек кој ги искористува сите ваши слабости, се случува човек кој го прави непростливото од сета своја немоќ, покажува колку е навистина мал. Замислете колку треба да сте мизерни и очајни за да споделувате фотографии од нечии интимни делови? Но, за жал, живееме во време кога и овој тип на насилство врз жените е неказнет. Кај нас се е некако пореметено, навикнати сме жената секогаш да е виновна а епитетот курва е секојдневие… Замислете што би се случило кога жените би ги објавиле сите фотографии од машки полови органи кои ги добиле од чиста мира – но со нивното име и презиме! Замислете каква катаклизма би била тоа, скандали, разводи и насилство…
Сè уште стојам со крената глава, се борам за моите идеали и давам се што можам. Не велам дека сум невина и не познавам таков човек, туку барам фер-плеј. Ние жените треба да се држиме до себе, ова е ера на некои многу корумпирани мажи, ова е ера на големо насилство врз жените, ова е општество на примитивци, чест на исклучоците.
Случајот е пријавен во Обвинителство, се преземаат понатамошни чекори.
Фото: Инстаграм принтскрин/stefanovamama13