Радио Милева честитки и убави желби

Хилари Свонк на 49 години роди близнаци: „Не беше лесно, но… (фото)

Хилари Свонк на 49 години роди близнаци: „Не беше лесно, но… (фото)

Актерката ги изненади своите следбеници со фотографија на која во раце држи близнаци, а коментарите ја преплавија со честитки и убави желби.

Актерката и оскаровка Хилари Свонк (48) роди близнаци, а радосната вест ја сподели на својот Инстаграм профил.

– Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден, праќам од чист рај – напиша актерката со фотографија на која ги држи близнаците во раце додека гледа во морето.

Следбениците ја преплавија актерката со честитки и убави желби во коментарите, а за само неколку часа објавата им се допадна на повеќе од 120 илјади фанови. Во коментарите и честитаа многу познати колеги.

– Благословена си драга. Тоа е најневеројатното патување досега. Многу сум среќна за сите вас – ѝ напишала актерката Шерон Стоун.

Таа близнаците ги доби заедно  со нејзиниот сопруг Филип Шнајдер, со кој се омажи во 2018 година.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ марио Азуони

To top