Српската пејачка Дара Бубамара ги спакува куферите и замина далеку од Балканот.
Имено таа заедно со своите соработници заминала за Бразил каде ги почестила со одмор вреден 25 илјади евра.
-Дара од секогаш била џентлмен кон луѓето со кои соработува. Кога има таа имаат и сите околу неа. Сега се одлучи да ги однесе на патување во Рио, иако тие мислеле дека пејачката ги носи таму за да снима спот, таа им рекла дека не и паѓа на памет таму да работи, туку да оди да се одмори таму, вели извор близок до неа.
View this post on Instagram
Тој додава дека таа го избрала најскапиот хотел.
-Само за сместување дала 19.000 евра, во хотелот има базен, теретана, сауна, терен за голф, кошарка, тенис… за појадок, ручек и вечера се служат врвни специјалитети од месо, риба и морски плодови. Освен тоа за авионските карти таа искеширала 6.000 евра, бидејќи купила бизнис карти за летот кој трае 12 часа, вели изворот.
Од Дара очекувано сеа и разголени фотографии на плажа каде таа позира во црно бикини кое едвај ги собира џиновските греди.
View this post on Instagram
Инаку во една прилика и самата пејачка кажала дека се што заработува и троши и дека не и е проблем да плати било што на другите, бидејќи сака да дели со луѓето околу неа.
фото:Инстаграм/Дара Бубамара