Радио Милева духовен живот

Слоба Радановиќ го крсти синчето: Пејачот заедно со семејството направи интимна крштевка (фото) 

Слоба Радановиќ го крсти синчето: Пејачот заедно со семејството направи интимна крштевка (фото) 

Брачната двојка сака да објавува заеднички фотографии, а Јелена често ги вклучува своите синови од првиот брак во разни ситуации и изданија, но поради природата на обврските кога на свет  дојде бебето, немале време да го овековечат моментот кога се сите заедно. Сега се појави првата фотографија од семејството Радановиќ каде се заедно, а Дамјан е во прегратките на Слоба. Повод беше крштевањето на Дамјан. На интимната церемонија присуствуваа само кумовите, судејќи по фотографиите од социјалните мрежи.

Ова е и прво заедничко излегување откако поминаа 40 дена, а првото место што го посетија беше манастирот.
Вљубениот пар се фотографирал во манастирските одаи, а надалеку е познато дека Јелена и Слоба го сакаат духовниот живот и дека слободното време го користат за посета на некои од светите места.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јела Радановиќ/Немања Николиќ

 

 

To top