Радио Милева семејна хармонија

Елена Миленковска преку компаративна фотографија сподели како изгледа пресликана љубов: Некогаш таа и тој, сега нивните деца (ФОТО)

Елена Миленковска преку компаративна фотографија сподели како изгледа пресликана љубов: Некогаш таа и тој, сега нивните деца (ФОТО)

Пејачката „Гранд“ брачна двојка Елена Миленковска – Гуте Mаринковиќ важат за еден од најскладните парови, чија брак е налик на совршенство, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката.

Таква беше нивната љубов уште додека беа момче и девојка во врска и учесници во најпознатото регионално музичко талент шоу, кое ги спои и им ја предодреди не само професионалната, туку и животната судбина.

Такви и останаа кога влегоа во брак, а нивната хармонична брачна врска уште повеќе се зацврсти откако како плод на нивната љубов најпрвин дојде синчето Максим, а лани, во месец септември 2022 година, „штркот во нивното семејно гнездо им ја донесе“ и нивната мала принцеза, Миона која ја заокружи убавата целина на нивната љубовна приказна.

Гуте и Елена, особено пејачката постојано споделува како изгледа нејзиното мајчинско секојдневие, а со најновата објава ги растопи од убавина следбениците, но и себе си и својот сопруг, евоцирајќи спомени од два вида на различна, но неизмерна љубов.

Преку компаративна фотографија Елена сподели како изгледа една пресликана љубов… Некогаш таа и тој, нејзиниот Гуте, а сега нивните деца Максим и Миона во истата фото поза… Еден покрај друг, еден до друг, еден спроти друг… Лице до лице, образ до образ, тело покрај тело… Некогаш нивните, додека Гуте и Елена се’ уште беа момче и девојка, сега на нивните две деца, нивните две ангелчиња, пред фотообјективот кој го уловил моментот. Некогаш и сега… Пред 4 години и денес…

„Елена и јас како момче и девојка во 2019-тата… Миона и Максим денес, во 2023-та. Колку љубов за само 4 години. А, животот е тек пред нас…“ – споделил Гуте во постот покрај фотографијата  која симболизира една вистинска музичко – љубовна сага, која и Елена ја споделила на својот Инстаграм.

Семејна приказна во која главната улога ја имаат љубовта и среќата. Некогаш и сега! Нека биде така довека!

Фото: Инстаграм принтскрин/elenamilenkovskaa

 

 

To top