Деновиве беше објавено дека започнало снимањето на филмот „Недеља“ кој ќе биде инспириран од ликот и делото на легендарниот Џеј Рамадановски.
Очигледно сите најмногу ги интересираше кој ќе го глуми ликот на пејачот, а изборот падна на Хусеин Хуса Алијевиќ, попознат како „ Хуса Бит Стрит“, пишува Курир.рс
View this post on Instagram
Со оглед на тоа дека филмот ќе ги прикаже речиси сите моменти од животот на Џеј – од детството на пејачот и растењето во дом за деца, како и неговиот пат до славата, Хуса во еден период од неговиот живот ќе го глуми Џеј.
Со оглед на тоа што Хуса важи за една од легендите на „90-тите“ кога беше актуелен, не е чудно што јавноста е љубопитна кога е во прашање неговиот приватен живот.
Тој беше во брак со пејачката од групата „Беба“, но љубовта не траеше. Сепак, среќата повторно му се насмевна и сега ужива во љубовта со 25 години помладата Андреа Дошен.
View this post on Instagram
Андреа Дошен откри дека не знаела кој е тој кога се запознале, но дека ги пеела неговите песни на екскурзии со училиштето, имајќи предвид дека во времето кога групата била на својот врв, Андреа штотуку се родила.
– Навистина не знаев кој е кога се запознавме. Првиот пат дури и не се сетив на неговото име. Ја знаев песната „Опсесија“, ја пеев како дете на екскурзија, но не знаев кој е Хуса или дека е пејач. Дури подоцна дознав кој навистина е – рекла таа.