Катарина, новата сопруга на пејачот Дарко Лазиќ, создаде раздор во неговото семејство, а поради неа фолкерот веќе подолго време е во лоши односи со неговата мајка Бранко и братот Драган.
Имено, Дарко не контактира со нив, ниту пак оди во родниот Брестач, а информации за него добиваат од медиумите.
Мајката на Лазиќ призна дека е многу разочарана од постапките на нејзиниот син, за што најмногу ја обвинува новата снаа.
-Не знам што му е на син ми, ниту каде е, ниту како е по оваа нова операција. Ништо не ми кажува со месеци, а не ми се јавува со денови. Не му требаше оваа операција. Ослабе и тренираше, изгледаше одлично… Сега какви црни операции? Навистина ме вознемири, бев под голем стрес откако го слушнав. И јас бев болна. Не ми кажа ништо за тоа, тоа го видов во весникот – изјавила Бранка за Курир,рс и додала:
– Немам контакт со Катарина. Сигурно таа го наговорилаа, сето тоа е нејзино масло. Лошо му влијае, но кој ме прашува ? Дарко слепо ја слуша како да нема свој мозок. Сè што дознавам за мојот син, дознавам од весниците. Ја заборави куќата и сите нас. Па што да кажам убаво за неа кога му забрани на Дарко да не покани и на свадба? Вие ми кажавте дека се венчале. Слушнав и дека рекол дека не му е баш гајле што мислиме за неа и дека не живееме со нив. Да беше паметен, немаше да го каже тоа. Мене како мајка ми е тешко да го слушам тоа. Сето тоа е поради Катарина, но тој не е мал… Претпоставувам дека ќе се вразуми еден ден по се што помина во животот.
Инаку, самиот Дарко, кој минатата недела беше опериран за затегнување на кожата, неодамна изјава за медиумите дека не чувствува потреба да одговара пред никого, дури ни пред семејството.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Инстаграм