Пејачката Тања Савиќ наводно раскинала со 11 години помладото момче Мухамед, кој поради неа се преселил од Америка во Белград.
Имено, до расправијата меѓу нив наводно дошло бидејќи медиумите го дознале неговиот идентитет, што Мухамед тоа воопшто не го сакал.
– Дечкото на Тања мисли дека таа раскажала за нивната врска со некој кој не и е баш близок, што му донело проблеми. Не сакаше неговото име да излезе во медиумите. Кога се дознало за нив, многу луѓе околу него му рекле дека е подобро да се стави крај на таа приказна. На неговото семејство му пречи тоа што таа е разведена и постара од него, но и тоа што е во јавноста главно поради љубовните врски и караниците со бившиот сопруг – вели изворот и додава:
– Кога виде што коментираат луѓето на социјалните мрежи, навистина се разочара. Поради сето тоа сега се во многу затегнати односи. Тој е лут и збунет за се. Ќе видиме дали ќе успеат да ја надминат оваа криза. Сето ова и беше тешко на Тања, таа е тажна веќе неколку дена. Иако очекуваше луѓето убаво да ја прифатат нејзината врска, таа наиде на осуда од сите страни, вклучувајќи го и нејзиното семејство. Во моментов не се во контакт, а тој планира да се врати во Америка на почетокот на април – заклучува изворот.
Инаку, пејачката неодамна пред медиумите призна дека некој и го освоил срцето, и дека од него добива скапи подароци и со нив се фали.
Фото: Принтскрин/Инстгарам