Уште оддамна се пишуваше дека сличноста меѓу некогашната македонска водителка, а сега најпозната инфлуенсерка Миа Костова со познатата македонска пејачка Тамара Тодевска е голема.
Миа еднаш за да го потврди тоа на нејзиниот „Јутјуб“ канал објави и едно видео под наслов „Колку сме слични јас и Тамара“ ( КЛИКНИ ТУКА).
Во видеото познатите дами одговараа на исти прашања, но, некои од одговорите им беа доста различни.
Овој пат Костова на познатата социјална мрежа „Инстаграм“ на нејзината кратка приказна објави нова фотографија на која позира заедно со Тамара.
Таа покажа дека тие две заедно со друштвото одлично се забавувале во ноќниот клуб „Станица 26“ додека настапувала младата вокалистка Натали Зарин.
Па, така во густото „стори“ кај Миа, се најде една фотографија од неа и пејачката, направена од Тијана Скулиќ, со која заедно живее и која им напиша ни помалку ни повеќе туку „Сестри“ .
Додека пак, Костова на објавата напиша емотивни зборови: „ Една Тамара имам!“ – а сличноста меѓу нив беше навистина голема, особено бидејќи беа облечени и во иста боја на гардероба.
Секако, Тамара се согласи и го потврди тоа откако го репостираше постот и на нејзиниот Инстаграм профил.
Дека Миа и Тамара се добри пријателки и секоја прилика ја користат за одлична забава и создавање заеднички спомени докажаа уште еднаш.
Фото: Принтскрин/Инстаграм