Трансродoвата Алина Јухарт привлече огромно внимание со своето појавување во „Ѕвездите на Гранд“, но не застана тука.
Со своето појавување во третиот круг на натпреварувањето, таа повторно успеа да крене голема прашина кога направи шоу со Саша Поповиќ, а ексклузивно за Гранд откри дали тоа е нејзина идеја или на нејзината менторка Цеца.
„Овој пат решив да се забавувам. Одиме чекор по чекор, јас и Цеца навистина се трудиме, размислуваме како да направиме се’ на најдобар начин. Мислам дека сме веќе чекор погоре, минатиот пат имав три гласа, сега четири, па следниот пат пет“ – рече со насмевка Алина, а потоа призна дека нејзината енергија не и дозволува да не приреди шоу.
„Ако не се забавувам на сцената, тогаш подобро да не настапувам. Се забавувам, уживам и толку“!
Дури и кога за прв пат застана пред камерите на Гранд, Алина не криеше дека е подготвена на осуда и критики поради нејзината различност, но ситуацијата тргна во сосема друга насока и тврди дека денес добива само комплименти и убави зборови.
„Огромен број луѓе ме препознаваат, особено кога полицајците ме запираат да ми напишат казна бидејќи малку побрзо возам. (се смее) Ме препознаваат и во трговските центри, насекаде! Натпреварот навистина може толку многу да те научи, а јас сум отворена за учење, сакам да бидам најдобрата верзија од себе секој ден“ – призна ѕвездата на Гранд.
Со славата и популарноста доаѓаат и многу поголем број додворувачи, што е случај и со Алина Јухарт, која секојдневно добива грст љубовни понуди.
„Има многу додворувачи! Ми приоѓаат во живо, но добивам и пораки, во денешно време е модерно преку Инстаграм. Морам да кажам дека мажите сфатија дека сум кралица и дама и дека така ми приоѓаат, досега не сум имала лошо искуство“ – вели Алина не крие дека една љубовна порака била издвоена како посебна.
„Во интервјуто кажав дека до мене ќе стои човек кој ќе ме држи за рака и тој ден добив, мислам, уште педесет пораки од оние кои сакаа да ме држат за рака“.
Дали Алина е сè уште сингл и што им порача на своите фанови дознајте во видеото подолу (КЛИКНИ ТУКА):