Радио Милева како матурантка...

Цеца на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во тинејџерско издание: „Српската мајка“ со кежуал имиџ (ФОТО)

Цеца на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во тинејџерско издание: „Српската мајка“ со кежуал имиџ (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ мрачниот и дождлив ден реши да го разведри и обои со светли бои, па пред влезе во студиото на „Гранд“ во Кошутњак, припадниците на седмата сила веднаш забележаа дека пејчката изгледа како девојче.

Лежерно-елегантно, кежуал е можеби најдобриот опис на актуелниот стајлинг на пејачката. Совршено облечена во широки, „искинати“ фармерки и нежна бела кошула таа уште еднаш докажа дека знае се да претстави совршено во секое, па и во вакво тинејџерско издание.

Како што секогаш внимава на деталите, истото го направила и за ова снимање и го комплетираше својот аутфит со долго опавче, црвен кармин и секако високи потпетици.

И секако, нејзиниот неизоставен детал е широката насмевка што ја има секогаш кога ќе се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Гранд принтскрин

To top