Радио Милева имале коректен однос

Еве што свекрвата и рекла на Цеца ако сака повторно да се мажи откако го нема Аркан

Еве што свекрвата и рекла на Цеца ако сака повторно да се мажи откако го нема Аркан

Од нејзиното прво појавување во јавноста и песната „Цветак зановетак“ која ја изведе на фолк фестивалот „Илиџа“ и освои една од наградите на публиката, балканската дива Цеца Ражнатовиќ не престанува да привлекува огромно внимание во јавноста.

Во бракот со нејзината најголема љубов Жељко Ражнатовиќ Аркан во 1995 година се исполни и на приватен план, а нивната венчавка беше емитувана и на телевизија. Сепак, судбината си поигра груба игра со пејачката и и го одзеде нејзиниот животен сопатник на кој му подари две деца, а она за што долго време се шпекулираше во медиумите по неговата прерана смрт е врската помеѓу мајката на Аркан, Славка Јосифовиќ Ражнатовиќ и Цеца.

Бидејќи живеел со неа по разводот на неговите родители, мајката на Аркан била клучна фигура во неговото детство и подоцнежниот живот, а тој бил многу приврзан за Славка, која Цеца очигледно ја почитувала и ценела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Иако многу малку се знае за нивната врска, познато е дека таа често доаѓала во семејниот дом и дека Вељко и Анастасија биле исклучително приврзани за нивната баба, а фотографија која се појави на социјалните мрежи открива дека Цеца ја гледала свекрвата како своја мајка.

Пејачката во една прилика во интервју за тамошните медиуми откри дека дури добила благослов од Славка повторно да се омажи, но на тој чекор не се решила и после толку години, продолжила да ги негува најубавите спомени. на нејзиниот починат сопруг, иако менуваше партнери, но со ниеден не се омажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Имено, мајката на Аркан почина на 87 години, во декември 2012 година, меѓутоа, поради сплет на околности, поточно закажаната турнеја во Австралија, Цеца не можеше да присуствува на последното збогување. Како што рече, да беше поблиску ќе ја прекинеше турнејата, а наместо неа на погребот беа Вељко и Анастасија, како и родителите на Цеца.

– Бев погодена од веста за смртта на мојата свекрва, но беше речиси невозможно да се откажат концертите, бидејќи би ги загрозила другите луѓе вклучени во целата организација. Да бев поблиску ќе ги одложив или откажав концертите. На погребот беше целото мое семејство, мајка, татко, вујко и моите деца – изјавила Цеца во таа прилика.

фото:Инстаграм принтскрин

To top