Радио Милева Урнебесно

Дара Бубамара повторно со шупелка в уста: Пред настап ја доби на подарок па, свиреше како што таа знае и умее (видео)

Дара Бубамара повторно со шупелка в уста: Пред настап ја доби на подарок па, свиреше како што таа знае и умее (видео)

Дара Бубамара настапила во еден клуб во главниот град на Србија, каде направила луда и одлична забава.

Додека таа зборуваше дали планира да започне моден бизнис, газдата на овој клуб во главниот град и подари флејта на што таа многу се израдувала.

– Морам да кажам дека сопственикот на овој клуб е мој многу добар пријател, кој нон стоп ми праќаше како свирам на флејта во „Амиџи шоу“ и ми рече дека јас сум крал и Бог и вечерва ми го даде ова како подарок, па не ми се верува – се насмеа Дара и повторно како во емисијата свиреше на флејта.

Да потсетиме, видеото на кое Дара свири на флејта за време на емисијата „Амиџи шоу“ стана вирално на социјалните мрежи.

Овој пат , таа за емисијата „Ексклузивно “ проговори за пријателството со Светлана Цеца Ражнатовиќ и за тоа што не се фотографираат толку често, но и за подарок што го добила од обожавателот.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/

To top