Радио Милева секси „бум - бум“...

Танцот на фолк ѕвездата ја распламти возбудата: Сузана Гавазова и кога не пее народно, ниша колкови најдобро (ВИДЕО)

Танцот на фолк ѕвездата ја распламти возбудата: Сузана Гавазова и кога не пее народно, ниша колкови најдобро (ВИДЕО)

Веројатно најбараната македонска фолкерка Сузана Гавазова замина на турнеја низ Австралија. Атрактивната струмичанка заедно со неколку свои колеги од фолк естрадата и убавиците од модното студио „Шанел“ од Битола ќе ги забавуваат и веселат нашите иселеници во повеќе градови на најјужниот континент.

Сузето и екипата најавија „музички бум-бум“ уште пред да заминат, а пејачката дури со своја видео порака ги повика и покани сите нашинци, нои останатите Балканци да дојдат на закажаните естрадно – музички забави, каде им вети „журка за сите пари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Во меѓувреме, Гавазова и екипата стигнаа во Австралија. Уште рано изутрината пејачката споделила прекрасна фотографија од окенскиот пејсаж крај „Волонгонг бич“, каде што е сместена или поточно каде што Сузето тргна да се релаксира.

Бидејќи толку рано немаше кого да праша дали смее да влезе во вода, односно дали е капењето на „бичот“ безбедно од „шаркови“ (ајкули), соблечена в бели брендирани бикини Сузето на плажата реши да ги покаже своите танцувачки вештини. Згодна, стројна, атрактивна, сексапилна… пејачката го споделила сиот свој телесен раскош симнувајќи се по дрвените скали на шанкот на плажата со „денсерски“ чекори.

Патем, пејачка толку заводливо почна да танцува, што танцот на фолк ѕвездата до максимум ја распламти возбудата…

Иако за волја на вистината фотографијата и видеото не се ниту најнови, а веројатно не се ни направени во Австралија. Ама ако… Важно е нешто друго.

Старо или ново, едно е сигурно: Од видеото што го споделила е повеќе од очигледно дека Сузана Гавазова и кога не пее народно, ниша колкови најдобро! Разиграните бујни атрибути на фолкерката само за надополнуваат секси сликата, каква „бум-бум“ забава и за уши и за очи ја чека публиката во Австралија.

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova

 

 

To top