Радио Милева Да им се множат годините

Татјана Лазаревска и Сања Лефкова имаа различен повод за славење на ист датум: Едната пејачка ги брои заедничките, другата годините на својот сопруг (ФОТО)

Татјана Лазаревска и Сања Лефкова имаа различен повод за славење на ист датум:  Едната пејачка ги брои заедничките, другата годините на својот сопруг (ФОТО)

Едни велат годините се за броење, зашто во какви времиња живееме на секоја нова треба да и се радуваме, други пак велат дека годините се само бројка, која е апсолутно неважна, зашто поважно е како ги живееш, а не колку ги имаш. Та биле тоа годините кои секој од нас ги слави на денот што го чекаме цела година или годините на заедничко живеење со оној, со кого си го одбрал да векуваш!

Токму два такви поводи за славење имаа две наши познати пејачки, на кои заеднички именител не им е само музиката и пеењето, туку и животот надво од родната Македонија. Едната позната фолкерка, другата поп пејачка, но обете пред извесен број години решија да заминат од Македонија на различни страни на светот.

Татјана  Лазаревска со својот брачен сопатник и колега Новица Василевски пред десеттина години замина на гурбет во далечната Австралија. Естрадно-брачната двојка бргу добро се снајде, па и сега заедно со своите деца живеат таму настапувајќи и веселејќи ги нашите сонародници на свадби, крштевки, за празници, слави, имнедени родендени и разни веселби и други свечености… Но, овој пат токму тие имаа лична причина за славење, поточно Новица кој го славеше својот роденден.

Бројки не споменуваме, ама затоа вредно е да се спомене јавната честитка која неговата сакана животна сопатничка Татјана му ја упати преку социјалните мрежи. на неа тој и таа на заедничка фотографија од Австралија на која пејачката испишала: „Среќен роденден љубов моја“!

Покрај фотографијата во нејзиниот опис Татјана додала: „Голема е сраќата некој да те запознае и да дели моменти со тебе… Привилегија е да те гледа… Чест е да те сака… И да има  личност покај себе како тебе… Среќен роденден Новица Василевски“.  И сето тоа го опсипала со емотикони од срценца.

Сања Лефкова додека живееше во Македонија имаше неколку забележителни фестивалски настапи и неколку поп хитови, но откако стапи во брак со својот избраник Мики Христов, некогашен скопски угостител, го смени презимето, животот, а и земјата на живеење. Обајцата тргнаа в потрага по сопствената среќе надвор од Македонија, поточно по Европа, за во последно време да се скрасат со своите деца во Германија.

Деновиве пејачката и нејзиниот сопруг имаа убав повод за славење… И тоа заеднички… Годишина од нивниот брак. И тоа не било која туку округла бројка – 10 години заедно во брачна заедница.

Сања  ниту заборави, ниту пропушти да го одбележи за неа важниот јубилеен датум, па меѓуостанатото и јавно тоа го обзнани на својот Фејсбук со посвета на денот и институцијата во која со нејзиниот сакан, засега минаа заедно една деценија.

„Од едно искрено пријателство до една ера заедно во љубов и разбирање… Плус две прекрасни дечиња Никола и Лукас… Среќна 10-годишнина… Те сакам“ – споделила пејачката покрај фотографиите со својот брачен сопатник.

Два разчлични поводи за славење на ист датум, за различни нешта… Важно е да се убави и секако… Да им се множат годините! Нека им е со среќа!

Фото: Инстаграм принтскрин/Tatjana Lazarevska/Sanja Hristova (Lefkova)

 

To top