Македонската поп пејачка Симона Попоска покрај тоа што е една од најталентираните, наједуцираните, важи за една од најзгодните и најубавите на естрадата. Секогаш дотерана, стокмена, уредна… со шминка и фризура што прилегаат на нејзината вита става, ангелски лик и модерна гардероба, сексапилната охриѓанка постојано плени со својот комплетен изглед! И приватно и професионално, а особено кога се подготвува за настап! Како што е редот, како и секоја естрадна ѕвезда, така и Симона си има свој фризер, шминкер, маникир, педикир… кој ја чува тајната на неговата работа преточена во нејзиниот успех или поточно изглед, кога е во прашање дотерувањето на неговата ексклузивна клијентка!
Така средена, со испеглана коса и беспрекорна шминка Симона се фотографираше, па фотографијата ја постираше на својот Фејсбук профил за да ја покаже умешноста и да го пофали својот мејк ап артист – Бобан Тодоровски. Ама слика како слика, од неа можеш да го видиш само резултатот на мајсторот, а не и да ја откриеш неговата тајна како ја прави мајсторијата! Или сепак можеш?
Добро, јасно е дека за исправање на косата потребно е фигаро… и тоа жешко! Со таа алатка оддамна се пеглаат фризурите на дамите. Па од виткна, косата станува „права како линија“! Тоа го вели логиката. Ама шминката…? За шминката се потрудила самата Симона… и тоа несакајќи да ни ја открие тајната на мајсторот!
Погледнете ја убаво фотографијата долу десно и ќе видите дека мејк ап волшебникот Бобан, шминките ги чува на радиаторот од парното греење… За да ги потстопли. Зашто со „подгреана шминка“, веројатно подобро се шминка! Затоа и Симона изгледа ко бомбона!