Разделбата на пејачката Шакира и фудбалерот Пике, никако да стивне во јавноста.
Тие ја прекинаа долгогодишната врска поради неговото изневерување со млада студентка, а се чини дека целото негово семејство било вмешано во неговата афера
Колумбиската пејачка Шакира (46) неодамна дозна за изневерувањето на нејзиниот долгогодишен партнер Жерар Пике (36) со Клара Чиа Марти (23).
Мајката на Пике, Монсерат Бернабеу цело време знаела за изневерување од страна на синот и цело време молчела.. Шпанските медиуми пишуваат дека тоа е најголемата причина поради која Шакира не е во добри односи со неа.
Имало и физичка пресметка меѓу снаата и свекрвата и Бернаберу ја удрила Шакира по лицето пред очите на Жерар и нивните деца.
Неодамна ѝ била понудена огромна сума за интервју во кое ќе зборува за врската со Жерар. Шпанските медиуми наводно сакале да ѝ платат на студентката милион долари за да се појави на телевизија и да ја омаловажува Шакира.
Според странските медиуми, Клара не била воодушевена од оваа идеја. И таа и Пике сакаат да продолжат со животот без нова драма, па мислеле дека со интервјуто нема да постигнат ништо, освен да го привлечат вниманието кон себе.
фото:Принтскрин Твитер/Инстагра