Пејачката некогаш беше преслатко девојче, а уште тогаш се знаеше дека и претстои голема музичка кариера.
Сега на еден Инстаграм профил се појави фотографија од периодот кога таа имала кратка кафена коса до рамениците и шишки, а и тогаш пеела песни пропратени со гитарата.
Пејачката Маја Николиќ важи за една од најдобрите вокали, но во јавноста нема премногу фотографии од нејзиното детство.
Маја потекнува од музичко семејство. Нејзиниот татко Новак имал свој ансамбл и пеел забавна музика, додека нејзината мајка Славица пеела авторска музика.
Првиот јавен настап го имаше на 7-годишна возраст на фестивалот „Мајска песна“ во Ниш, кога отпеа дует со својот брат и ја освои првата награда. Па, така таа првиот хонорар го заработи од музиката уште многу рано.
Започнала да пее на 13 години во кафулиња и пицерии. Пеела џез, соул, евергрин. На 15 години со својот брат ја основаа групата Мар-Маја.
Додека на сцената се прослави благодарение на Маја Оџаклијевска, која ја нарекува естрадна мама.
Фото: Принтскрин/Инстаграм