Радио Милева семејството пред се'

Омилената холивуска актерка Камерон Дијаз се повлекува од светот на филмот

Омилената холивуска актерка Камерон Дијаз се повлекува од светот на филмот

Една од омилените холивудски актерки, пред се на филмска комедија, се повлекува од светот на филмот, пишуваат светските медиуми.

Камерон направи голема пауза од кариерата, мина осум години без да се појави на големото платно, по што неодамна се согласи да глуми во акционата комедија на Нетфликс „Враќање во акција“.

Меѓутоа, познатата актерка и понатаму останува на својата одлука засекогаш да го напушти актерството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Така, според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, извор близок на актерката открил дека по завршувањето на снимањето таа повеќе нема да глуми.

Причината за тоа е бидејќи Камерон не сака повеќе да се одвојува од семејството, но и затоа што ѝ станало многу заморно деновите да ги минува на снимање. Исто така, се додава, таа не сака стресни ситуации и конфликти кои се случуваат многу често за време на снимањето.

фото:Инстаграм принтскрин

To top