Семејството Ѓоковиќ имаше посебна причина за славење, бидејќи најмладиот од тројцата браќа Ѓоковиќ стана татко.
Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов вчера станаа родители на момче на кое му го дадоа името Александар.Семејството Ѓоковиќ не препушти ништо на случајноста, па на наследникот му приредија гала прослава во нивната викендичка во Рум, каде ги собраа најблиските роднини.
По тој повод тие приредија гала прослава за најблиските членови на семејството, но и пријателите. По радосната вест, семејството Ѓоковиќ веднаш се собрало во семејниот ресторан во Нов Белград, каде што биле Новак и Јелена, како и нивниот среден брат Марко, таткото Срѓан и мајката Дијана, а по ручекот продолжиле со славењето во викендичката во Рума.
За вечерното славје задолжена беше Александра Пријовиќ, која направи атмосферата да зоврие.Прија даде се од себе гостите да бидат задоволни.Таа ги пееше своите хитови и заводливо ги нишаше колковите, а гостите беа воодушевени од нејзиниот настап.
Браќата Ѓоковиќ за цело време се радуваа и по стариот добар обичај му ја искинаа маичката на новопечениот татко.
Фото: Инстаграм принтскрин/