Вчера на денот на пристигнувањето на пролетта 22 март, нововенчаните брачни двојки го славеа празникот Младенци. Според традицијата невестата треба да стане наутро и да меси 40 колачиња за нивниот брачен живот да трае долго и среќно. Овој празник го слават сите нововенчани брачни двојки од последните 12 месеци, а меѓу нив беа и познатите македонски ликови кои во изминатата година влегоа во брак, а такви се ТВ водителките Елена Најдоски и Елеонора Миљковиќ.
Како што е познато ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како Елена „Живот со Стил“ направи гламурозна свадба за паметење во скопскиот хотел„Double Tree by Hilton.“
Таа официјално на 9-ти јули 2022 г. стапи во брак со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски.
Младата брачна двојка како што е ред го испочитува и празникот Младенци, а водителката на „Инстагарам“ им го честиташе празникот на сите што го слават:
„За љубов среќа и сладок живот! Честито слава на сите што слават, честито име на сите што го носат и честито на младите брачни двојки. Господ нека нѐ дарува сите со долг успешен и среќен брак и многу дечиња“ – им посака таа на сите и на себе си.
Водителката со нејзината омилена фотографија од свадбата му честиташе и на сопругот па, напиша:
„Среќни младенци љубов моја“ – Те држам црвсто за цел живот“ – напиша таа на објавата.
Елена се пофали и со фотографии од ресторанот каде што славеле, па доби честитки и од нејзините фанови.
Некогашната македонска ријалити учесничка, модел и ТВ водителка, Елеонора Миљковиќ, вплови во брачните води, па последната недела од месец октомври 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски.
„Среќни Младенци за многу години“ – напиша таа на нејзината Инстаграм приказна објавувајќи кратко видео од венчавката.
Скопската ријалити убавица се потсети на веселбата, па подоцна на споменатата мрежа објави серија фотографии од свадбените моменти.
„Незаборавни магични моменти!“ – напишаа таа на англиски јазик на објавата по повод празникот.
View this post on Instagram
Но, сепак македонската убавица освен што го славеше празникот Младенци, во нивното семејство имаше уште еден повод за славење.
Имено вчера, на денот наменет за нововенчаните брачни двојки нејзиниот избраник славеше роденден.
Па, заедно со нивниот миленик, насмеани, позираа пред роденденската торта.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Најдовски/Елеонора Миљковиќ