Радио Милева ќе „рипа во тавче“...

Во моментов најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“ закажа свадба: Александар Јосифовски ќе се жени (ФОТО)

Во моментов најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“ закажа свадба: Александар Јосифовски ќе се жени (ФОТО)

Откако во моментов најблескавата македонска „Гранд ѕвезда“, охриѓанецот Александар Јосифовски неодамна обзнани дека наскоро планира да ја изненади публиката со нова песна, чиј лајтмотив ќе ги освои сите дами, сега одново ја изненади публиката и своите следбеници со најновата најава.

Имено, свездата на „Гранд продукција“  помеѓу два хита, се подготвува за свадбата со својата сакана свршеница Теодора Пемова. Иако тие двајца веќе живеат заедно, решија за своите најблиски и пријатели да направат семејна веселба во Охрид.

„Бидејќи се работи за голема организација, со членови од моето големо семејство, свадбата ќе се одржи во Охрид. Се’ уште немаме одлучено која ќе биде локацијата, во кој угостителскиот објект ќе се одвива свадбата, но деталите би требало да се знаат во скоро време“ – изјави Александар откако обзнани во медиумите дека се подготвува да „рипне во тавче“.

Рокерот додаде дека венчаницата за неговата идна сопруга теа е веќе во изработка, но не сакаше да открива повеќе детали. Оти така сака невестата или можеби самиот тој сака изненадувањето да биде што поголемо кога ќе дојде денот да застане „на лудиот камен“.

Во меѓувреме Александар сподели заедничка фотографија со неговата идна сопруга од денот на нејзиниот именден, односно празникот Тодорова сабота или Тодорица како што ја наркуваат во народот, православен христијански празник кој се слави во првата  сабота од велигденските пости во март, односно првата сабота по Прочка.

На фотографијата со бакнеж во образот пејачот и го честита името на неговата сакана Теа, додека таа со дискретна насмевка на лицето се гледа дека блеска од среќа.

Фото: Инстаграм принтскрин/alexandarjosifovski

 

To top