Радио Милева не го изостави овој детаљ

„И да врне и да вее“: Милена Антовска „пука“ од самодоверба- водителката реши да се опушти и на врнежлив ден (фото) 

„И да врне и да вее“: Милена Антовска „пука“ од самодоверба- водителката реши да се опушти и на врнежлив ден (фото) 

Милена Антовска- Станковска  пред некоку месеци не беше задоволна од нејзиниот изглед по  второто  породување, но тоа сега веќе е минато.

Убавата водителка на утринската програма на „Канал 5“ телевизија, во последно време честопати е навлечена на куси  здолништа кои ги истакнуваат нејзините совршени долги нозе, а токму поради тој изглед е редовна тема во медиумите.

Таа се појави во мошне елегантно издание  и на манифестацијата „Златна Бубамара“ каде доминираше со нејзиниот моден избор, па се прошета низ салата „Борис Трајковски“, а од обожавателите доби позитивни коментари дека изгледа „топ“, „најдобро до сега“.

Таа неодамна тоа и го докажа и покажа дека е достојна на имиџот дури и на врнежлив ден, објавувајќи селфи фотографија од лифт со мини здолниште.

Повеќе од јасно е дека нејзин заштитетн знак се нозете , па овој пат водителката додаде уште еден интересен детаљ и докажа дека не му се плаши на дождот.

Миничот овој пат го замени со пурпурни килоти панталони , а ги надополни со сандали во потемна пурпурна нијанса, па на шеговит начин напиша: „И да врне и да вее и бура да коси сандала мора да се носи“ – додавајќи насмеан емотикон.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

To top