Радио Милева изненадување

Пејачката го одврза ќесето за нејзиниот сопруг: Каќа го почести Гобељ со одмор во Дубаи (фото)

Пејачката го одврза ќесето за нејзиниот сопруг: Каќа го почести Гобељ со одмор во Дубаи (фото)

Катарина Грујиќ го почести нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ на одмор во Дубаи. Фолк ѕвездата и фудбалерот вчера пристигнале во Обединетите Арапски Емирати каде ќе поминат четири дена. А според тамошните медиуми овој пат  Каќа  ја отворила торбата.

-Каќа реши да го изненади Гобеља со одмор во Дубаи. Самата го нашла аранжманот, платила и само го известила сопругот да ги спакува куферите! Марко се изненади, но не протестираше, туку веднаш се согласи да замине во Дубаи. Каќа од настапот во Црна Гора отишла директно на аеродромот каде Марко ја чекал со куферите. Поради деловни обврски, двајцата ќе бидат на одмор само четири дена – вели добро информираниот извор близок до популарната двојка и открива колку сето тоа ќе ја чини пејачката:

– Каќа ми кажа дека одбрала хотел во кој ноќевање чини 1.000 евра. Значи, ќе потроши 4000 евра само за хотел, а да не зборувам колку ми кажа дека ќе потроши за шопинг! Пејачката и фудбалерот овој пат не ја понесоа ќерката Катја со нив на пат – изјавила пријателка на пејачката. 

-Додека Каќа и Марко се во Дубаи, Катја ќе ја чува дадилка која неодамна ја вработиле. Цело време се во врска со неа – вели нашиот извор и открива кој ќе им прави друштво на популарниот пар на одмор:

– Во истиот хотел е и нивната кума Андреана Чекиќ, со која Каќа е многу блиска. Тие две се договориле последниот ден од одморот да го поминат во шопинг и сите пари што ги заработиле на последната тезга да ги потрошат на партали.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top