Едита Арадиновиќ е позната како личност која сака да експериментира со својот физички изглед, но овој пат пејачката се надмина себеси.
Имено, иако неодамна истакна дека конечно е задоволна од својот изглед, сепак решила да направи радикална промена и да ги обои веѓите во светла боја.
Едита се пофали со новиот имиџ на својот Инстаграм профил, а овој нејзин потег ги изненади нејзините следбеници кои едвај ја препознаа.
Да потсетиме, пејачката никогаш не криела дека правела естетски корекции, а неодамна беше во јавноста откако се појави видео од нејзината тепачка со нејзината сестра Инди.
фото:Инстаграм принтскрин/Едита Адрадиновиќ