Ако за светот Оскарите се најважниот настан во годината и таму ги гледаме најголемите фаци на Холивуд во нивните најдбри изданија, за нас во Македонија тоа е „Златна Бубамара“.
Вчеравечер, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа 26-то издание на „Златна Бубамара на популарноста“ на која присувствуваа голем број на јавни личности од светот на музиката, глумата, политиката, спортот…
Се разбира, очекувањето на публиката беше забава, а јавните личности имаа повеќе работа, односно подготовки околу нивниот изглед и претставување пред многубројната публика иако некои можеби не се качија на сцена.
Тука беа и нашите убавици, водителките од ТВ екраните кои на нивните Инстаграм профили го објавија сталингот, шминката, фризурата и гардеробата која ја избрале.
Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа објави видео од нејзиниот избор кој остави голем впечаток бидејќи, направи идеален спој и баланс меѓу јин и јанг, а во описот на англиски јазик напиша: „Сите зборуваат за наоѓање на енергетскиот биланс женско-машко“ – навитсина тоа и го покажа, а совршено и прилегаше бидејќи, водителката знае добро да го носи.
View this post on Instagram
Згодната водителка Милена Антовска- Станковска објави неколку кратки видеа од подготовките за изгледот од атмосферата на настанот, но и од нејзините колешки, а објави и фотографии од нејзиниот избор на гардероба, за кој доби и доста позитивни коментари.
View this post on Instagram
Вера Мештеровиќ некогашната мисица и модел, а сега актуелна ТВ водителка беше елегантна како и секогаш, а блескаше во креацијата која го истакнува нејзиното деколте, а ги покриваше нејзините долги и атрактивни нозе. Таа најпрво објави заедничка фотографија со нејзините колешки.
А, потоа покажа и дел од атмосферата и фотографирањето пред позирањето почетокот на манифестацијата.
И шармантната водителка Александра Пановска често ја гледаме во елегантни комбинаци, па така беше и овој пат. Александра објави фотографија каде напиша дека сѐ поминало одлично!
Ова беше нивниот избор за овогодинешното издание на „Златна Бубамара“ а која или чиј моден избор најмногу ви се доапаѓа, останува ваше.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејсбук