Радио Милева долг процес

„Најважно е дека е добро!“: По веста дека Весна Змијанац побегнала од болница се огласи Николија (фото)

„Најважно е дека е добро!“: По веста дека Весна Змијанац побегнала од болница се огласи Николија (фото)

Информациите кои денеска се појавија за бегството на Весна Змијанац од болница по операцијата на срцето загрижија многумина, а нејзината ќерка Николија за Информер.рс проговорила за состојбата на нејзината мајка по операцијата на која беше подложена.

Минатиот четврток пејачката Весна Змијанац беше оперирана во Клиничкиот центар каде и беше вграден бајпас и целата процедура помина во најдобар ред.

Весна сфатила дека состојбата е алармантна и дека повеќе не смее да си игра со своето здравје, па решила да ги послуша лекарите кои ја подложиле на бајпас операција, а сега и претстои долг процес на опоравување со задолжителен одмор.

Како што објавија тамошните медиуми, Весна наводно по операцијата побегнала од болницата и сакала да го продолжи закрепнувањето во Букуља, каде што имаат семеен дом. Во оваа прилика  ќерката на Весна, Николија Јовановиќ,  истакнала дека состојбата на нејзината мајка е во најдобар ред, што е и единственото нешто што  е важно во овој момент.

– Мајка е добро, не сакам да зборувам на таа тема, сакам да имаме мир за време на опоравувањето, најважно е дека е добро – изјавила Николија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

 

To top