Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Брешквица, на социјалните мрежи ги сподели деталите од својот нов дом.
Бресквица одлучи да живее на друга адреса, па на своите фанови преку социјалните мрежи им порача:
– Не сум толку на Инстаграм, а причината е што многу се движам! Таа потоа го покажа погледот од нејзиниот имот кон блискиот рид, а на постовите гледаме базен, голема дрвена ограда и тревник.
– Нашиот рај! Благодарна! – напишала во описот.
Брешквица неодамна проговори за врската со осум години постариот партнер. – Во моментов најмногу му се допаѓа песната „Сава и Дунав“. На сите некако ни се допаѓа таа песна, не знаеме зошто. Подготвена сум да се омажам, кога ќе почувствуваш дека си со вистинската личност, не е ни важно кога тоа ќе се случи – изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм