Лејди Гага воодушеви многумина на 95-тото доделување на Оскарите во театарот Долби во Лос Анџелес.
Познатата музичка ѕвезда го украде вниманието на Оскарите, најпрвин со црниот фустан од последната колекција на Версаче, а потоа и со гестот од кој покажа дека е човек пред се’.
Лејди Гага на свечениот тепих на доделувањето на Оскарите се појави во елегантен црн фустан транспарентен кај задникот, а потоа се пресоблече за настапот во едноставна кежуал комбинација.
На фотографите им им позираше во многу елегантно издание, а му помогна на еден фотограф да сопна поминувајќи покрај неа.
Lady Gaga stops to help photographer who fell at the #Oscars. pic.twitter.com/4w4MNCO89X
— Pop Base (@PopBase) March 13, 2023
На сцената се појави во поопуштено издание – искинати фармерки, „старки“ и обична маица. Вака Лејди Гага ја отпеа песната од филмот „Top Gun: Maverick“:
фото: Твитер принтскрин/ Јутјуб