Една од најпопуларните пејачки излезени од „Ѕвезде Гранда“, Радмила Манојловиќ, одлучи да се повлече од јавниот живот.
Како што и самата призна, оваа одлука не ја донела со многу размислување претходно.
– Мојата одлука да се повлечам и да влезам во медиумската илегала е донесена исклучиво поради објавувањето на мојот нов албум, кој штотуку треба да ја види светлината на денот. Работев на него долго и темелно затоа што сакав песните да зборуваат наместо мене. Повторувам, не се повлекувам од естрадата, не се откажувам од пеењето, само некое време нема да давам интервјуа, нема да гостувам во емисии… – истакна Рада. Манојловиќ.
За потсетување, пејачката неодамна ги отпушти сите свои соработници, а на позицијата менаџер ја постави сопствената сестра Марија, која е и нејзин шминкер.
фото:Инстаграм принтскрин/рада Манојловиќ