Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ Мухарем Хадровиќ заврши во болница поради здравствени компликации, а според Гранд, пејачот бил инто опериран.
– Точно е дека имав операција, но не е страшно, не би и придавал значење. Операцијата помина, сега сум здрав и продолжувам понатаму. Беше незгодно првите десет дена по интервенцијата, но сега е ок, сега сум како нов. Одиме понатаму – во негов стил, со насмевка на лицето, Мухарем раскажал и додал дека не сакал никому ништо да каже, за интервенцијата.
– Не сакав да создавам забуна, бидејќи навистина сум добро. Сè помина добро и набрзо по напуштањето на болницата се вратив на старата рутина. Работам и тоа е најважно, не се откажувам така лесно, продолжувам. Работа има, настапите се посетени, што многу ме радува – изјавил пејачот.
Покрај свирките за кои вели дека се редовни и синглот „Има жена“ со кој постигна голем успех, наскоро планира да ја удостои својата публика со уште една песна. Тој одговорил дека сѐ уште е рано да се открие за што се работи, но истакна дека сигурно ќе биде големо изненадување.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ muharem.hadar