„Небо диво“ е најновата песна на пејачката од Богданци, Наталија Данаилова за која беше продуциран и видео запис чија реализација ја потпишуа Ѓорѓи Вацев. Музиката и текстот за песната се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски.
,,Сакавме на публиката да ѝ дадеме еден брз ритам, среќа и висока вибрација. Не се откажувам од баладите кои можеби се мое обележје, но сметам дека по годините кои ги поминавме во страв и затворени дома, си должиме да се радуваме на животот и да танцуваме“ – вели Наталија.
Данаилова македонската публика ја познава од повеќето талент шоуа и од учевството на македонските фестивали како Макфест 2021 година со песната „Не крши ме“ и истата година на Охридски трубадури со синглот „Вреди ли“.
„Сѐ за тебе“ е нејзиниот деби албум кој го издаде на музичкиот пазар, а во моментов се подготвува и вториот албум кој се очекува да биде готов до крајот на годината.
Како звучи изгледа кога Наталија Данаилова пеејќи посакува ова „Небо диво“ да свети сино, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):