Радио Милева „дебел“ бакшиш

Љупка Стевиќ зела дури 5.000 евра за една песна на свадба во Италија, а еве како останала со празни џебови (фото)

Љупка Стевиќ зела дури 5.000 евра за една песна на свадба во Италија, а еве како останала со празни џебови (фото)

Љупка Стевиќ откри дека на свадба во Италија и украле бакшиш од рака.

– Се сметам за несебична личност која секогаш е подготвена да им помогне и да ги заштити послабите од мене – истакна пејачката и се потсети на споменатата ситуација на една ромската свадба.

– Тоа стана анегдота. Тоа беше свадба во Италија. Па, децата поминуваа и кога видоа многу пари на куп, како да не ги земат? На таа веселба бакшишот беше некаде околу 150.000 евра – објасни Љупка.

На новинарско прашање од каде го добила најголемиот бакшиш и колкава сума, пејачката ги изненадила со својот одговор.

– Мислам дека најголемиот бакшиш го добив на ромските свадби, но во тој момент не го броев. Беше некаде околу 5.000 евра за една песна, не беше ни целата песна – се присети Љупка, а потоа додаде: – Едноставно, тие имаат такви обичаи. Пари имаше не  само на ромските свадби, имаше и на настапи, во Босна може да биде многу добро кога се работи за нас музичарите – изјави пејачката за Гранд.

Фото: Принтскрин/Курир ТВ/Инстаграм

To top