Милица Тодоровиќ гостуваше во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“ каде со емотивна изјава на тема семејство и семејни односи успеа да ги расплаче својата мајка која беше зад камерите и водителката.
Милица на самиот почеток се осврна на своите музички почетоци во „Ѕвезде Гранда“.
– Победив на 14 и пол години, не баш 15. Кога влегов во оваа зграда на снимањето на „Ѕвезде Гранда“, сакав само да пеам. Порано бев срамежлива, а сега не можеш да ме спречиш. Сакам и балади, сакам и побрзи песни. Сега би снимила нешто брзо, со побрз ритам – изјави Милица.
View this post on Instagram
Тодоровиќ се потсети на соработките со колегите со кои снимаше дуети и откри колку и значело такво искуство.
– Многу го сакам Деки, се дружиме. Тој е одлично момче. Искрено, важно е песната да ни се допаѓа на мене и на Дејан. Очекував повеќе, а Дејан е пресреќен. Не сум задоволна како помина песната, таа е специфична – вели Тодоровиќ, па се присети на соработката со Емина Јаховиќ на песната „Лимонада“.
-Емина е многу талентирана, има инспирација, јас никогаш го немав тоа. Многу сум самокритична. Ретко снимам, ретко објавувам. Дејан беше иницијатор, ми се јави – вели Милица, а потоа јавно го кажала своето мислење за Петар Стругар, а со емотивна изјава за семејството ја расплакала мајка си и водителката.
View this post on Instagram
– Немам ништо против коњите и Перар Стругар, тој е одлично момче. Страдам после раскинувањето, плачам, се јавувам на другарките, на мама… Брзо ми поминува. Тешко ми оди со разделби, ме тресе. Затоа сега не се одвојувам од мајка ми, бидејќи млада си заминав од дома. Јас сум на видео повик со татко ми. Колку повеќе време гледам и поминувам со нив, животот е краток. Плачеше мама, сега ќе плачеме и ние – рекла Милица, а потоа се расплакала и водителката.
фото:Инстаграм принтскрин