Легалното уживање во „билката“ за релаксација и рекреација во Македонија и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб.
Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија, општата апатија… и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“.
„Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала…
Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара?
Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години.
Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи…
А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее!
П.С. Јас не дувам за другарче прашувам!“
Ова го споделил Тајзи во најавата на песната „Legalize“ на својот Инстаграм профил, а како звучи истата „оплеменета“ со лирик видео, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):