Бакингамската палата издала известување за деложација на војводата и војвотката од Сасекс откако беа објавени мемоарите на Хари во јануари годинава.
Книгата на Хари содржи безброј сензационални обвинувања, за членовите на монархијата, вклучувајќи го и тоа дека принцот Вилијам насилно го турнал на подот Хари, како и тоа дека консорт-кралицата Камила давала приказни за браќата на медиумите.
– Кралот Чарлс одлучи да ги исфрли Хари и Меган од куќата која беше нивен дом во Велика Британија, а наместо нив во кралската резиденција Фрогмор Котиџ ќе се всели принцот Ендрју, пишуваат британските медиуми.
Сега, Хари и Меган остануваат без единствениот преостанат дом во Обединетото Кралство, а во него ќе се всели принцот Ендрју, иако на почетокот се противеше на тоа.
– Ова одземање на куќата Фрогмор го најавува крајот на престојот на Хари и Меган во Британија“, беше објавено во „Сан“. На Хари и Меган не им била понудена никаква замена за нивниот дом на огромниот имот на кралското семејство.
Кралската резиденција Фрогмор Котиџ се наоѓа во Виндсдор, а кралицата Елизабета во 2018 година им ја даруваше на Хари и Меган за нивната венчавка. Се состои од пет спални соби и огромна градина. Нејзиното реновирање пред вселувањето на парот чинеше 2,4 милиони фунти.
Фото: Принтскрин/Профимедиа