Познатиот композитор и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Александар Милиќ Мили, на јавноста и е познат со децении, а одамна е целосно ќелав.
Мили е секогаш во форма и се грижи за својот изглед, но не бил секогаш без коса.
Имено, порано имал бујна коса, а сега одлучи на сите да им покаже како изгледал со неа. Тој на Инстаграм објави фотографија од почетокот на кариерата, а многумина се зачудија кога ја видоа.
– Јас во 1990 година, Сараево. Мојот прв албум Милиграм насловен „Milly the kid“. „Кад Бого дано није“ стана голем хит и излегува денеска, а потоа излезе и „Не пијем“ што го направив со Хари Варешановиќ за дуетот Хари Мата Хари и Харис Џиновиќ, кој сѐ уште е несекојдневен хит. Милиграм засекогаш! И фризурата е топ, а? – напиша Мили.
Фото: Принтскрин/Оливер Буниќ/Милан Илиќ/Милиграм официал