Иако Саша Матиќ е безвременски талент, тој тврди дека неговите ќерки не се толку надарени за работата што ја работи. Пејачот Саша Матиќ зад себе има голем број вистински хитови во кои публиката ужива со голема емоција и ентузијазам, а Саша сега откри која од неговите песни му е омилена.
– Уф, можеби од почетокот на кариерата најмногу се врзував за песната „А ти го избра“ – искрен беше Матиќ кога водителот Огњен Амиџиќ го праша дали таа песна има врска со реалниот живот.
– Има само едно, кога ја пеам оваа песна велам: „Ти ме избра мене, а јас тебе “ – низ насмевка одговори Сале.
Иако е безвременски талент, тој тврди дека неговите ќерки не се толку надарени во работата што тој ја работи.
– За ритам да, за пеење малку помалку – изјави Саша во емисијата „Амиџи шоу“. Со оглед на тоа што и тој и неговиот брат Дејан се одлични музичари со долги кариери, сите се прашуваат зошто сѐ уште не снимиле дует.
-Добро прашање. Единствената причина зошто немам дует со брат ми е што не најдов соодветна песна. Сето тоа е нешто понудено што е веќе слушнато и видено, а јас барам нешто посвежо – изјавил еднаш Саша за „Гранд“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм