Македонската мисица и пејачка Кристина Димитри најмногу е поврзана со нејзиниот син кој го има од бракот со нашиот Х-фактор победник, Даниел Кајмаковски.
Нејзиното синче остана со неа откако таа се разведе од поранешниот сопруг пред пет години, а сега таа покажа како го прослави 6- тиот роденден на малиот Давид.
Кристина на нејзините Инстаграм приказни сподели серија на фотографии на кои ја долови атмосферата од роденденската забава.
Роденденски балони, конфети, роденденски престол, и секако роденденска торта овој пат со ликот на спајдермен… Се’ организирано и подготвено како што треба, иако и на овој роденден, барем според фотографиите, може да се забежи отсувството на Даниел Кајмаковски.
„Засекогаш“ – напиша таа на англиски на црно белата фотографија на која беа сами таа и славеникот.
И овој пат, Кристина Димитри најубавиот ден во годината на нејзиното синче го прослави со најбиското семејство во друштво со нејзината мајка која пејачката уште ја нарекува и „втора мајка“ на нејзиното синче, па секако таа е и личноста што тој најмногу ја сака!
А заедно со неговата „втора мајка“ ја сечеа и роденденската торта.
Покрај мајка и тука беше и неговиот вујко за кој пејачката често пати изјавува дека „без него не се може“, а сега пак со него ги дуваа заедно свеќичките.
А од него се разбира го доби и првиот подарок, часовник од познатиот бренд за часовници „Касио“.
Даниел кој е активен на социјалните мрежи и на овој роденден ја зачува приватноста и кај него не објави ништо.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Кристина Димитри