Атрактивната пејачка Теа Стошевска и се претставува на јавноста во се попредизвикувачки и попровокативни изданија. Фоторафиите на кои воглавно доминира бујното природна предница сместена најчесто во длабокото деколте на цицлестата пејачка, оваа дама речиси секојдневно ги споделува на својот Инстаграм профил.
Не, беше поразлично и овој пат, иако вниманието на нејзините следбеници, особено на оние во Македонија русокосата убавица го привлече со уште една друга работа.
Иако по написите во медиумите неодамна демантираше дека е Македонка , туку чиста Србинка и покрај тоа што нејзиното име звучи македонски, на бившата „Ѕвезда на Гранд“, во последно време како втор дом и е македонскиот главен град.
Теа во Скопје престојува и пее почесто од било кое друго место, дури и во Србија. Така беше и изминатиот викенд кога бујната русокоса два дена по ред настапуваше во еден од најпознатите скопски ноќни клубови, а преку ден запеа на едно друго место…
Дали за до крај „да ја купи“ македонската публика или чисто онака, исклучиво за своја душа со сиот свој жар, Теа Стошевска запеа крај кејот на Вардар! И тоа онаа познатата, македонска: „Море сокол пие, вода на Вардарот…“, додека Теа пее крај брзата, матна водата од Вардарот.
View this post on Instagram
Што се однесува пак до вечерните скопски настапи и овој пат цицлестата фолкерка го истакна своето секси деколте со позамашна мерка, па ретко кој остана рамнодушен на оваа возбудлива глетка.
Долгите нозе под кусото мини фустанче, како и големата заоблена задница дополнително беа во машкиот фокус, како програм плус од телесниот раскош, што пејачката го поседува покрај природниот граднен кош!
Фото: Инстаграм принтскрин/teastosevska_official